Англија
Палмер испиша историја во ПЛ, Челси со голем пресврт до славје во трилерот со Тотенхем
Составот на Челси излезе како победник од супер интересното лондонско дерби со Тотенхем кое вечерва се одигра во Премиер лигата.
Седум погодоци паднаа на оваа пресметка за конечни 4-3 за тимот од „Стемфорд Бриџ“. „Сините“ имаа катастрофално отварање на натпреварот, па веќе по 11 минути игра губеа со 2-0.
Соланки и Кулушевски стрелаа за голема радост на домаќините. Челси се врати во 17 минута преку Санчо по што двете екипи пропуштија уште неколку шанса до крајот на првиот дел.
Четата на Мареска се покажа во подобро светло во вторите 45 минути во кои од 61 до 73 минута се избори за пресврт и водство од 3-2 со погодоците на Палмер и Фернандез.
Потоа Палмер погоди и во 84 минута со што испиша историја во најсилната англиска конкуренција, стана играчот со најмногу погодени пенали во низа, односно со денешниве два дојде до бројката од 12 реализирани удари од 11 метри со што го мина Јаја Туре кој своевремено застана на бројката единаесет.
Cole Palmer becomes the first player in Premier League history to score 𝘼𝙇𝙇 of his first 1⃣2⃣ penalties in the competition 🥅🎯🤩 pic.twitter.com/fcOSPWAD32
— LiveScore (@livescore) December 8, 2024
До крајот Сон постигна гол во судиското продолжение, ама место и време за нешто повеќе едноставно немаше.
Сега Челси има 31 бод, четири помалку од лидерот Ливерпул кој има и натпревар помалку оној одложениот со Евертон на „Гудисон Парк“.
-
Светски првенства17 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија23 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија17 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија22 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот