Поврзете се со нас

Англија

Палистер за двете трансфер мети на Јунајтед: Дали тоа би функционирало? Тоа е прашање за Тен Хаг

Објавено

на

Манчестер Јунајтед го назначи Ерик Тен Хаг за нов тренер, но засега му нема исполнета ниту една трансфер желба што секако може да биде проблематично ако се земе во предвид дека конкурентите веќе работат на големо, па така видовме како Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем…веќе претставија по неколку нови играчи.

„Црвените ѓаволи“ се уште се мирни иако веќе има две трансфер цели за кои доста се зборува-тоа се Кристијан Ериксен и Френки Де Јонг. Тоа се играчи од средината на теренот кои би донеле квалитет, креативност, опасност при прекините, меѓутоа засега нема ништо официјално и тоа носи фрустрација кај навивачите.

Гери Палистер десет години го носеше дресот на Јунајтед и многу добро го знае клубот, па од свој агол даде коментар за Данецот и Холанѓанецот.

-Не треба да сте паметни за да го ангажирате. Се надеваме дека сите медицински проблеми се решени, во неговата улога за Брентфорд минатата сезона видовме дека тој сè уште има неверојатни способности и кога е слободен трансфер, тоа треба да се реализира без размислување. Се прашувате како би функционирало со Бруно Фернандеш во клубот, но тоа е за Ерик тен Хаг. Мислам дека некогаш не може да имате премногу квалитетни играчи во тимот.

-Ќе имате опции помага при повреди ако тоа стане проблем и кога имате некој од класата на Ериксен… Би сакал да го видам и тој договор да биде комплетиран, -рече Гери и потоа говореше за Де Јонг од Барселона.

-Барселона знае колку Јунајтед е очаен да донесе играчи. Тие ќе притискаат до тој степен за да добијат колку што можат повеќе пари и тоа е случај секогаш кога Јунајтед ќе тропне. Тие сè уште се сметаат за еден од најбогатите клубови во светот. Се надевам дека ќе го постигнат договор, Де Јонг е на вистинската возраст, има многу искуство и е тип на играч кој навистина може да се изрази на место како Јунајтед.

-Тој е навикнат на притисокот, да биде центарот на вниманието во Барселона, па сигурно ќе биде добро решение. Средината на Јунајтед е пробем и тоа е загрижувачки, -истакна Англичанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни