Поврзете се со нас

Англија

Палиња испрати порака за неговата иднина: Двата клуба знаат каде сакам да бидам

Објавено

на

foto:x.com/FabrizioRomano

Жоао Палиња е дел од составот на португалската репрезентација на Европското првенство што е потврда дека се работи за еден исклучително квалитетен фудбалер кој може да игра на највисоко ниво.

Тој од 2022 година е дел од премиерлигашот Фулам од кого требаше да си замине минатото лето, но тој негов трансфер во Баерн Минхен пропадна во последен момент.

Баварците не заборавија на него и одново притискаат за неговиот потпис, ама проблем е разликата во сумата која ја бара Фулам, односно ја нуди составот од Минхен. Двете страни не можат да најдат заеднички јазик, а Палиња се надева дека тоа на крајот ќе се случи испраќајќи кратка, ама јасна порака.

-Што се однесува до мојата иднина, двата клуба знаат каде сакам да бидам за еден месец, порача Жоао пред нокаут дуелот на неговата Португалија со Словенија.

Тој има договор со лондонскиот клуб до 30 јуни 2028 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни