Поврзете се со нас

Европски првенства

Паличка за клучната одбрана: Добро е што денес јадев повеќе… (Видео)

Објавено

на

Шведска заслужено стигна до победата во полуфиналето на Европското ракометно првенство против Франција, а еден од клучните фактори беше голманот Андреас Паличка.

Паличка се врати на голот на скандинавската селекција по паузата поради влегувањето во ковид протоколот, но тоа не му пречеше да собере многу одбрани, па и да постигне три гола на оваа средба.

Во клучните моменти, Паличка буквално ја наседна топката по ударот на Фабрегас, а со тоа спречи продолжение во полуфиналната битка.

– Имам среќа бидејќи денеска јадев малку повеќе, па побрзо се спуштив на подлогата, – на шега рекол Паличка.

– Се работи за интуиција, видов дека противникот губи баланс и знаев дека морам да го покривам долниот дел на голот. А, потоа, само видов дека има уште седум секунди и знаев дека е готово, – изјавил Паличка за шведските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни