Свет
Палевски потпиша нов договор со Пролет

Екипата на Тинекс Пролет ќе се обиде да изгради поконкурентен тим за наредната сезона, па додека се чекаат нови имиња македонскиот прволигаш ги задржува најдобрите играчи.
Прво беше обновен договорот со голманот Данило Михаљевиќ, а сега и со крилото Давор Палевски. Според новиот договор Палевски ќе остане во Пролет најмалку уште две сезони.
–Презадоволен сум што останувам во Тинекс Пролет и што потпишав нов двогодишен договор со оваа екипа. Од првиот ден кога пристигнав бев одлично прифатен од сите во тимот, со што ми беше олеснета адаптацијата во новата средина. Сега веќе сум меѓу поискусните во екипата и моја обврска е да го им помогнам на помладите како што тоа беше направено за мене при доаѓањето во Тинекс Пролет. Имаме квалитетен тим, одлична атмосфера во екипата и не се сомневам дека со неколкуте најавени засилувања повторно ќе се бориме за излез во ракометна Европа. Тинекс Пролет е склоп на младоста и искуството, но она што го краси овој тим и што мислам дека го нема на друго место е неверојатното другарство што владее меѓу сите ракометари. Токму поради тоа воопшто не се двоумев кога ја добив понудата за нов договор и експресно го потпишав истиот –порача Палевски откако ја продолжи верноста.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…