Палермо победи на дербито и ја стопи предноста на лидерот Фрозиноне (Видео)

palermo

Палермо успеа да победи на дербито против Фрозиноне со 1:0, а со тоа ја намали негативата зад актуелниот лидер во Серија Б.

Тимот на нашите Несторовски и Трајковски славеа минимално со голот на Гахоре од 47. минута, а нашите репрезентативци имаа различна минутажа. Капитенот Несторовски играше до 83. минута, додека Трајковски ги одигра само последните минути, но му помогна на Палермо да ја задржи предноста.

Со оваа победа, Палермо е на четвртото место во Серија Б, но со само три бодови помалку од лидерот Фрозиноне, но и натпревар помалку од овој ривал.

Facebook Коментари