Палермо е жртва на голем судиски грабеж во бараж финалето за Серија А, Несторовски полуде (Видео)

palermo-frosi

Фросиноне успеа да победи со 2:0 и по втор пат во својата историја обезбеди пламан во Серија А, но начинот на кој го направи тоа и на кој го совлада Палермо едноставно предизвика бура од реакции на Апенините.

Палермо победи со 2:1 на домашен терен и имаше позитивно 0:0 по првите 45 минути, но вистинскиот хаос настана откако Фросиноне поведе со 1:0. Сицилијанците жестоко нападнаа и во една опасна ситуација во 60-та минута беа сведоци на една луда судиска одлука, бидејќи главниот арбитар Ла Пена во три наврати се премислуваше. Најпрво досуди слободен удар за прекршок кој се чини дека беше направен во шеснаесетникот, потоа ја преправи одлуката и досуди пенал, за на крајот да се врати на првичната одлука и да процени дека сепак ќе има само слободен удар.

Ова ги излуде фудбалерит на Палермо меѓу кои и нашиот Илија Несторовски кој во тој момент беше на теренот, па нашиот напаѓач беше вклучен во инцидент со противнички играч и имаше обид да му удри глава (судијата не го виде сето ова). Несторовски и фудбалерот на Фросиноне минаа без опомена, но црвен картон доби Давидович кој беснееше од клупата за резерви.

Ова сценарио едноставно предизвика гнев кај фудбалерите на Палермо кои за жал уште една сезона ќе минат во Серија Б, а веќе видовме дека нашите Несторовски и Трајковски беа жртви на срамно однесување на замените на Фросиноне кои во судиското продолжение фрлаа топки на теренот.

Facebook Коментари