Поврзете се со нас

Германија

Паласиос постигна гол за победа во 94. минута, не остана мирен ниту Чаби Алонсо (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Чави Алонсо не знае за пораз на последните 30 меча на кои го води Баер Леверкузен, а неговиот тим имаше успешен старт и на вториот дел од сезоната.

Лидерот на табелата остана на сигурна дистанца од Баерн Минхен и задржа предност од четири бода, пред се благодарение на погодокот кој го постигна Езекиел Паласиос.

За време на зимската пауза, Паласиос се врати во родната Аргентина и беше дел од навивачката група на Ривер Плата, а попладнево на теренот имаше улога на херој за „фармацевтите“.

Баер Леверкузен се мачеше против Аугзбург и не можеше да го скрши отпорот, се до 94-та минута кога Паласиос реагираше извонредно во шеснаесетникот и погоди за голема радост и победа.

Ваквиот расплет на настаните не го остави рамнодушен ниту Чаби Алонсо, кој иако обично е доста мирен, овојпат скокаше на драмата која ја приредија неговите играчи.

Голот на Паласиос погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни