Поврзете се со нас

Италија

Паладино бесен откако Интер постигна гол од непостоечки корнер: ВАР протоколот е смешен

Објавено

на

Foto:x.com/acffiorentina

Интер и се реваншираше на Фиорентина и успеа да слави на домашен терен со резултат 2:1, победа со која му се доближи на Наполи на само еден бод на првенствената табела.

Италијанскиот првак повторно се соочи со доста проблеми на дуелот против „виолетовите“ и беше подобар за само еден гол, но ако се знае дека првиот беше постигнат по непостоечки корнер, овој триумф на Интер е доста контроверзен.

Навивачите на Фиорентина не ја криеја лутината уште за време на натпреварот преку социјалните мрежи, а со остар старт за случувањата на „Џузепе Меаца“ се јави и тренерот Рафаеле Паладино.

Обидот на Бастони за центаршут требаше да биде означен како гол-аут бидејќи топката ја мина границата од теренот, но наместо тоа, Интер доби корнер по кој успеа да поведе со 1:0.

– Никогаш не зборувам за судиите, не сакам ниту да давам оценки за нивните грешки, но дефинитивно сега сум бесен за голот кој го постигна Интер.

– Не сум бесен на судијата, бесен сум на ВАР протоколот. Ако имаме алатка која треба да им ја олесни работата на судиите, не смееме да дозволиме да не се коригира очигледна грешка. Топката беше во аут 20 сантиметри, а тој детаљ беше клучен. Протоколот вели дека ВАР не смее да интервенира за таква ситуација, а тоа е смешно. Ова не е добро за фудбалот, вакви ситуации предизвикуваат дебати и караници, а фудбалерите си одат дома бесни, – изјави Паладино.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни