Поврзете се со нас

Франција

Пакета со бразилска магија ја „сокри“ топката и покажа луда техника за задржување време пред корнер знамето (Видео)

Објавено

на

blank

Лукас Пакета не дојде до израз во Милан иако беше најавуван како „новиот Кака“, но затоа оваа сезона му оди многу добро во Лион каде направи трансфер изминатово лето.

Францускиот великан плати 20 милиони евра за талентираниот Бразилец кој има само 23 години, а откако  минатиот месец беше избран за најдобар играч во Лига 1 од страна на „Лекип“, сега постигна два гола на два меча во низа.

По погодокот против Монпелје во минатото коло, вечерва погоди и против Брест, иако тоа не беше најубавиот потег кој го изведе на овој натпревар.

Бразилецот го доведе Лион во водство по катастрофалната грешка на голманот Сибо кој се обиде да го дрибла Пакета, по што на Лукас му беше многу лесно да го постигне четвртиот гол во сезоната. По водство од 0:3, Лион се опушти и  прими два гола од Брест за возбудлива завршница, а во судиското продолжение, следеше бразилска магија од поранешниот играч на Милан.

Пакета им ја „сокри“ топката на двајца противнички играчи во аголот со бразилска магија и експресно ја воодушеви француската спортска јавност, која со големо воодушевување ја пренесе техниката на Лукас за задржување време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни