Поврзете се со нас

Светски првенства

Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина

Објавено

на

Селекцијата на Австрија се покажа како силен тест за македонската ракометна репрезентација и денешниот меч во Вараждин носи измешани чувства во двата табори, од едноставна причина што нашите момци не ги искористија своите шанси на две-три минути пред крајот, додека противниците жалат поради фактот што примија гол со звукот на сирената.

Филип Кузмановски погоди од огромна далечина со разорен шут и направи натпреварот да заврши со возбудливо реми, епилог кој можеби е и најреален после се она што се случи во текот на 60-те минути.

Кирил Лазаров како селектор на нашиот национален тим посочи дека Македонија одовно немала среќа во клучните моменти и покрај дадениот гол на крајот, но посебно горчливо беше чувството во противничкот табор.

Селекторот Алеш Пајовиќ нагласи дека Македонија била силен и сериозен ривал во текот на целиот натпревар, но посебно жали што неговиот тим примил гол со звукот на сирената.

– Чувството е навистина горчливо и боли да примите гол на ваков начин. Добро се боревме во текот на целиот натпревар, но мора да се признае дека одлично се снајде и Македонија. Речиси да одигравме натпревар без грешка во нападот, но имавме проблеми со нивната игра на пивот.

– Се боревме 60 минути, заслуживме два бода, а на крајот освоивме еден. Емоциите се силни после ваков натпревар, но сега мора да се опуштиме и потоа да размислуваме веќе на следниот натпревар на мундијалот, – изјавил Словенецот во интервјуто за „ОРФ“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни