Франција
Паје: Тудор не шокираше, ја занемари човечката страна

Игор Тудор заврши одлична работа во Марсеј во најголем дел од сезоанта, но слабиот крај на шампионатот резултираше со пад на третото место и губење на хемијата во првиот тим.
Тоа предизвика да видиме и многу рана разделба меѓу Тодор и францускиот великан, кој после само една година му се заблагодари на Хрватот и реши да ја прекине соработката со него.
Иако со тек на времето ја стекна почитта од француската јавност, чист факт беше дека Тудор беше доста оспоруван од блиските медиуми до клубот, а незадоволството од работата на Тудор сега го истакна и Димитри Паје.
Капитенот на Марсеј западна во втор план со Тудор како тренер и речиси постојано ја грееше клупата, но сега открива дека најмногу шокиран бил од пристапот на Тудор.
– Не бев љубител на неговите методи на работа уште од самиот старт, уште на крајот на месец август дознавме колку е брутален и тежок во својата работа. Како што кажа и сам, тој претпочита авторитативен пристап. Сите бевме шокирани од него, ни беше сосема поинаку со Сампаоли. Секако, секој тренер има своја филозофија, но Тудор ја занемари човечката страна. Секогаш беше гласен и доминантен, а јас сум емотивен и не ми е потребен став како да ми е постар брат или татко. Сакаше да означи своја територија уште од самиот старт и ми беше многу тешко со него, – вели Паје.
-
Светпред 21 час
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Англијапред 24 часа
Го очекува долга пауза: Јунајтед остана без стандарден првотимец за важен ден од сезоната
-
Италијапред 23 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 23 часа
Времето брзо минува: Пред седум години го држеше Рамос за рака, денеска ќе води „војна“ со ветеранот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 11 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Германијапред 21 час
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)