Поврзете се со нас

Франција

Паје објасни зошто не прифати намалување на платата во Марсеј

Објавено

на

Димитри Паје не сакаше ни да слушне да прифати доброволно намалување на својата месечна плата во Олимпик Марсеј, а во последното интервју ја објаснува својата одлука.

Марсеј имаше одлична сезона, во која го освои второто место, но паузата поради коронавирусот и дефинитивното прекинување на сезоната донесоа финансиски потешкотии за клубот.

Паје заработува околу 450.000 евра месечно, што воопшто не е сума за потценување, но тој вели дека има семејство кое претставува голема одговорност.

– Сите имаа свој став за ова прашање, а мојата позиција беше јасна. Јас сум играч, но и татко во моето семејство.

– Како и останатите, имам одредени финансиски обврски за кои морам да се грижам, мојата обврска е да ги бранат интересите на фамилијата без да му наштетам на клубот кој многу го сакам, – изјавил Паје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни