Свет
Паје направи трансфер откако ја одби Саудиска Арабија: Го избрав фудбалот пред парите!

Димитри Паје не по своја волја ја заврши етапата во Марсеј и со солзи во очите се прости од својот сакан клуб, по што беше јасно дека ќе направи премин во друг клуб како слободен агент.
Поради педигрето и фудбалската класа која ја поседува, популарниот Дими е доста атрактивен на трансфер пазарот и на 36-годишна возраст, а иако во изминатиот период доби милионски понуди од Саудиска Арабија, на крајот се сели во Бразил.
Паје ја прифти понудата од Васко де Гама и ќе игра во еден од најголемите клубови во Јужна Америка, но пред да се упати кон Бразил, направил кратко интервју за „Радио Монте Карло“ пред да полета од Франција.
Довчерашниот капитен на Марсеј не пропушти шанса да ги поздрави големиот број европски ѕвезди кои ги избраа парите пред убавината на фудбалот, па со својата изјава брзо стана вирален хит.
– Луѓето кои ме знаат се добро упатени во тоа дека мене парите никогаш не ми биле приоритет. Се вратив во Марсеј поради љубов, а истото е и со најновиот избор кој го направив. Го избрав фудбалот пред парите.
– Барав нешто што ќе биде емотивно за мене како Марсеј, а сметам дека фудбалот никаде не се доживува поемотивно од Бразил и Васко де Гама. Пресреќен сум од мојот избор, – вели Паје.
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 13 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 16 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 18 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг
-
Германијапред 16 часа
Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)