Поврзете се со нас

Франција

Паје му ја сокри топката на Меси и ги воодушеви фановите на Марсеј (Видео)

Објавено

на

Навивачите на Олимпик Марсеј имаат посебен антагонизам кон ПСЖ и се што е поврзано за клубот од француската престолнина, па сигурно се задоволни што нивниот тим вчера добро му парираше на лидерот на табелата во првенството.

Натпреварот заврши без голови, гостинските играчи мораа да се соочат со жешка атмосфера на „Велодром“, а на крајот и тие веројатно се задоволни со освоен бод на тој терен.

Лионел Меси ја продолжи серијата без погодок во Лига 1, а вчера домашните фанови му фатија сеир и при еден дуел со Димитри Паје.

Ѕвездата на домашниот тим умешно му ја одзема и му ја сокри топката на Аргентинецот, а тоа му донесе овации од трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни