Поврзете се со нас

Шпанија

„Пајакот“ Алварез почна да ги тресе мрежите: Не чувствувам никаков притисок

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Хулијан Алварез го дочека моментот и го постигна првиот гол во дресот на Атлетико Мадрид, погодок со кој вчера стави точка на дерби пресметката против Валенсија.

Атлетико во моментов е неколку класи подобар тим од Валенсија и го потврди тоа на теренот со победата од 3:0, но овој натпревар ќе се памети и по тоа што контото во Шпанија го отворија двете големи засилување.

Конор Галагер и Хулијан Алварез постигнаа голови во победата од 3:0, но од реален фудбалски поглед, многу поважен е оној на Аргентинецот поради тоа што станува збор за напаѓач.

– Многу сум среќен за победата и за постигнатиот гол. Потребно беше да освоиме три бода и да го стартуваме со триумф овој згуснат период кој следи. Голот секогаш е важен за напаѓачите, ова ми дава самодоверба, но знам и дека му помогнав на тимот.

– Добивам поддршка од сите страни откако дојдов тука. Не чувствувам притисок за да постигнам гол, знаев дека кога-тогаш, ќе мора да дојде. Јас сум подготвен за игра и знаев дека ќе дојде овој момент. Симеоне ми честиташе за голот и сите сме среќни и задоволни, – изјави „пајакот“ Алварез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни