Паѓа заинтересираноста за Дончиќ на НБА драфтот: ,,ЕСПН” тврди дека во игра се високите центри кои ќе го исфрлат Словенецот од игра

luka-doncic

Реал Мадрид викендов стана новиот европски шампион и откако на завршниот меч на турнирот во Белград беше подобар од Фенербахче со 85-80. Веднаш потоа беше прогласен и најкорисниот играч на Ф4, а наградата очекувано заврши кај Лука Дончиќ кој на овој начин ја комплетираше неверојатната сезона за него. Тој беше фантастичен во полуфиналето, финалето и целата оваа кампања со што ги собра сите признанија.

Името тој освен што беше прогласен за МВП на овој турнир претходно ја доби истата награда и за резуларната сезона, беше избран за член на првата петорка и втора година по ред беше прогласен за млада ѕвезда со најголем напредок и тоа во неговата трета професионална година.

И кога се очекуваше дека после сите овие успеси загарантирано му е првото место на драфтот во НБА, по последната експертиза од страна на„ЕСПН“ излезе дека нема да заврши ни на првите 5 места особено што оваа година интересот е за високите играчи. Феникс Санс веќе го има пикирано младиот центар ДеАндре Ајтон, а се чини дека и Сакраменто и Атланта, кои ќе бираат втори и трети на драфтот, не се заинтересирани за младиот Дончиќ.

Според овие прогнози, веќе излегоа информации дека Словенецот, ако не заврши меѓу првите три пика, можно е и наредната сезона да продолжи во Реал Мадрид.

 

Facebook Коментари