Поврзете се со нас

Англија

Паднал договор: Вилијан си оди од Челси, но останува во Лондон

Објавено

на

Бразилскиот фудбалер од редовите на Челси, Вилијан и дефинитивно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ по крајот на сезоната.

За Вилијан минатата сезона имаше голем интерес од Барселона која беше подготвена да плати 50 милиони евра за да го донесе во своите редови, но тогаш Челси ја одби понудата, па крилниот фудбалер остана во Лондон.

Се чини дека сега, Челси, дефинитивно ќе го загуби играчот кој како слободен агент ќе го промени клубот, но не и градот.

„Скај Спортс“ пишува дека Вилијан ги договорил личните услови со тимот на Тотенхем и кариерата ќе ја продолжи на „Вајт Харт Лејн“.

Главна улога во реализација на овој трансфер имал Жозе Мурињо кој го убедил Вилијан да потпише за тимот на Тотенхем. „Петлите“ мора да прават вакви „слободни“ трансфери затоа што нема да располагаат со голема сума на пари бидејќи клубот е погоден од економската ситуација предизвикана од коронавирусот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни