Поврзете се со нас

Светски првенства

Паднаа тешки зборови по финалето: Хрватите треба да сфатат дека вака не се игра ракомет!

Објавено

на

Данска го одбрани светскиот ракометен трон и на четврти мундијал во низа стигна до златниот медал, учинок кој прави оваа генерација на Николај Јакобсен да се запише во ракометната историја.

Скандинавската селекција презентираше неверојатна доминација на овогодишениот турнир и запиша девет убедливи победи, вклучувајќи го и вчерашното финале со Хрватска.

Данците го скршија отпорот на крајот на првиот и на почетокот на вториот дел, па до крајот рутински стигнаа до титулата во натпревар кој на стартот беше одбележа и од груба игра.

Хрватите не бираа средства за да ги сопрат брзите ракометари во црвени дресови, а откако Данците победија со 32:26, паднаа и тешки зборови во микс-зоната.

Симон Питлик како заменик капитен на Данска бил доста остар во својата анализа, заклучувајќи дека Хрватите се обиделе да стекнат предност со користење на прекумерна сила.

– Некој треба да им објасни на Хрватите дека не се игра вака ракомет. Може тоа да им пројде во Загреб каде судиите беа на нивна страна…..

– Прекршоците кои ги правеа беа луди, само така можат да не победат. На крајот не им успеа бидејќи ние бевме попаметни. Добија глупави исклучувања и играа со премногу емоции. Одиграа многу добар ракомет на овој турнир, но тоа не е доволно против нас, – порачал Питлик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни