Падна и вториот фаворит: Франција ја нокаутира Америка за пласман во полуфиналето!

furnie-usa

По завршените натпревари во главната рунда на Мундобаскетот, сите предвидуваа дека ќе гледаме полуфинале меѓу Србија и Америка, но наместо тоа, Аргентина и Франција се погрижија да видиме едно друго, сосема неочекувано сценарио.

Аргентина вчера со херојско издание го потопи главниот фаворит Србија, додека денеска Французите одиграа беспрекорен натпревар против вотриот фаворит на турнирот, селекцијата на Америка. Франција покажа неверојатна зрелост во текот на сите 40 минути, диктирајќи го темпото во најголем дел од мечот, со исклучок на почетокот на четвртата четвртина.

Франција во третиот период дојде до предност од плус десет предводена од фантастичните Фурние и Гобер, но спектакуларниот Мичел одбиваше да се откаже, па со неговиот фасцинантен блесок ја донесе Америка во водство од седум разлика во четвртиот период (74:67). Во овие моменти се чинеше дека Французите ќе потклекнат под притисокот, но наместо тоа, повторно ја преземаа контролата и до крајот сосема заслужено стигнаа до голема победа, изразена со 10 поени разлика (89:79).

Фурние со 22 поени и Гобер со 21 поен и 16 скокови беа најзаслужни за изненадувачкиот триумф на Французите, додека во Америка играше само Донова Мичел кој уфрли 29 поени.

Facebook Коментари