Англија
Падна уште една тренерска „глава“ во Премиер лигата

Предмалку беше објавено дека уште еден тренер од Премиер лигата добил отказ и во следниот период нема да го води својот досегашен клуб.
Станува збор за искусниот Клаудио Раниери кој повеќе нема да биде тренер на Вотфорд, клубот во кој пристигна пред само три месеци.
Тренерот кој пред неколку години креираше сензација со Лестер не издржа многу на „Викариџ Роуд“ затоа што не успеа да ги поправи работите и клубот остана во опасната зона на табелата во Премиер лигата.
Следат две недели пауза од англискиот шампионат, па од Вотфорд ќе имаат можност да реагираат и да ангажираат нов стратег кој ќе ги води во преостанатиот дел од сезоната.
Инаку, Раниери имаше само еден блесок како тренер на Вотфорд, кога со 4:1 го победи Манчестер Јунајтед и со тоа му пресуди на колегата од спротивната страна, Оле Гунар Солскјер кој по тој пораз доби отказ од тренерската позиција кај „ѓаволите“.
-
Шпанијапред 17 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 15 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 16 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Англијапред 9 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 13 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Светски првенствапред 5 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 12 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!