Падна конечна одлука: Жалбата не донесе резултат, Грција ќе мора да плати за скандалот во Скопје

euro-u-17-mkd-zeni

Арбитражниот суд при Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја потврди одлуката и грчката федерација ќе мора да плати за скандалозниот чин на нивната женска репрезентација до 17 години која го напушти натпреварот со Македонија на Европското првенство во Скопје.

Поради тој потег ЕХФ ја казни Грција со парична глоба од 25.000 евра и ја исфрли од шампионатот,  по што нашиот јужен сосед почна да се жали до надлежните иституции на таа одлука.

Меѓутоа ништо од тоа не запали, па денеска е донесе конечна одлука Грците да платат половина од казната од 25.000 евра со тоа што другиот дел ќе мора да го платат ако го повторат истиот чин во наредните пет години.

Facebook Коментари