Падна договор: Стојановски уште две сезони ќе го носи дресот на МЗТ Скопје

MZT-Rabotnicki

Македонскиот репрезентативец, Дамјан Стојановски и во иднина ќе биде дел од екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Оваа информација ја соопшти клубот од „Јане Сандански“ кој пренесе дека двете страни си подале рака за нов двегодишен договор. Соработката ќе биде официјализирана во текот на следната недела, но повеќе од јасно е дека Стојановски и во иднина ќе биде лидер на „штрковите“.

Стојановски е петтиот кошаркар кој тренерот Ѓорѓи Кочов во моментов го има на располагање, претходно беше овновена соработката со Дарко Соколов и Андреј Маслинко, а доведени беа центарот Љубомир Младеновски и Американецот, Лестер Медфорд.

Facebook Коментари