Англија
Падна договор: Додека Артета сонува за Осимен, Арсенал му го осигура второто летно засилување
Микел Артета го чува најдоброто за крај и планира да го доведе Виктор Осимен во трансфер вреден 100 милиони евра, но во меѓувреме, одговорница лица од Арсенал му го договорија второто летно засилување.
Во споредба со минатата сезона, „топчиите“ засега го придодадоа само Рикардо Калафиори, но од оваа вечер на пат кон Лондон ќе биде и Микел Мерино.
Шпанскиот репрезентативец ќе се претвори во второ летно засилување за англискиот вицешампион, откако клубот од Северен Лондон со доста маки ги привел до крај преговорите со Реал Сосиедад.
Клубот од БАскија отворено призна дека преговара со „топчиите“, но дури денеска ја добиле понудата која ја сметаат за прифатлива, а која вкупно достигнува речиси 40 милиони евра.
Реал Сосиедад ќе инкасира фиксни 33,5 милиони евра за продажбата на играчот за врска, но ќе добие уште 5 милиони евра во вид на бонуси кои се лесни за остварување.
Личните услови од договорот Арсенал ги договори со Мерино уште пред неколку дена, па за очекување е фудбалерот во најскоро можно време да фати лет од Баскија за Лондон.
-
Светпред 19 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
АТПпред 16 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 22 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
Светпред 22 часа
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Италијапред 20 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Италијапред 24 часа
Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо
-
Светпред 14 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
АТПпред 20 часа
Вавринка го состави идеалниот тенисер, Федерер и Ѓоковиќ пред Надал (ВИДЕО)