Поврзете се со нас

Италија

Пацерскиот автогол на Милан ќе се врти неколку дена во фудбалска Италија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/TorinoFC_1906

Елиф Елмас и неговите соиграчи имаа предност против Милан по 45 минути игра во Торино, а начинот на кој стигнаа до тоа е навистина неверојатен.

Домашниот тим профитираше од огромното недоразбирање меѓу Малик Чау и Мајк Мањан, па така денеска во Торино видовме еден од најпацерските автоголови видени во Серија А во последните неколку години.

Во обид да ја расчисти опасноста, излезениот голман на Милан успеа да го погоди својот соиграч, а така топката заврши онаму кадешто најмалку требаше.

Елмас и соиграчите на овој начин стигнаа до рано водство во тешката пресметка со „росонерите“, кои сега во вториот дел ќе мора да бркаат пресврт.

Од друга страна, Торино веќе се насочи кон бранење на почетното водство, па останува да видиме дали ќе успее во тоа.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни