Поврзете се со нас

АТП

Пабло Карењо го шокираше вториот фаворит за злато, патот за Ѓоковиќ е уште полесен

Објавено

на

Со случувањата денеска, патот на Новак Ѓоковиќ до првиот златен медал во кариерата треба да биде уште полесен, бидејќи вториот фаворит за највисок дострел доживеа големо разочарување во четврфиналето.

Шпанецот Пабло Карењо Буста го шокираше фаворизираниот Данил Медведев од Русија, кој откако неколку дена во низа се жалеше за пеколното време, сега не успеа да врзе два добри дена во Токио.

Медведев вчера се изманачи против Фоњини, но денеска немаше сили да се натпреварува со големиот борец Карењо, кој на крајот повеќе од заслужено ќе се бори за медал на Олимписките игри.

Шпанецот го доби првиот сет со убедливи 6:2 и го најави големото изненадување, кое потоа го комплетираше со пресврт во вториот сет.

Медведев прв направи брејк и водеше со 4:2, но Карењо се врати, се избори за тајбрејк, а таму беше подобар со 7:5 за пласман во големото полуфинале, каде го чека пресметка со уште еден Русин, Карен Хачанов.

Медведев беше бесен по поразот и го кршеше рекетот од земја пред да му подаде рака на противникот, па сега останува да видиме уште кој ќе биде противникот на Ноле во полуфиналето. Светскиот рекет број еден е апсолутен фаворит за највисоко одличје, а со елиминацијата на Медведев кој важеше за негов најголем предизвикувач, патот до златото треба да биде и полесен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни