Поврзете се со нас

Свет

Озил застана во одбрана на Роналдо: Секој треба да покаже поголема почит…

Објавено

на

Кристијано Роналдо минува низ специфични ситуации во оваа сезона, прво на клупски план со Манчестер Јунајтед, сега и со Португалија, период во кој доби доста критики за различни моменти, потези што секако е нешто ново во неговата досегашна етапа.

Критики имало и ќе има за секој фудбалер, но медиумите, јавноста знаат да претерат, па затоа Месут Озил одлучи да се огласи и застане во одбрана на некогашниот соиграч од Реал Мадрид.

-Навистина не разбирам од каде доаѓа оваа постојана негативност од медиумите за Кристијано. Медиумите само се обидуваат да добијат кликови, а експертите кои веќе немаат кариера само сакаат да привлечат внимание со неговото големо име и да се обидат да го направат да изгледа лошо. Наскоро ќе наполни 38 години – па што е изненадувањето што повеќе не постигнува 50 гола во сезона? Секој фудбалски навивач треба да биде среќен што го гледал како игра фудбал од светска класа 20 години.

-Мислам дека никој од новата генерација нема да може повторно да ги израмни неговите бројки. Засекогаш ќе биде своја категорија. Секој треба да покаже поголема почит кон еден од најголемите спортисти во спортската историја, -порача Месут.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни