Поврзете се со нас

Англија

Озил станува „новиот Бејл“: Не игра за Арсенал, но нема проблем да остане во клубот затоа што..

Објавено

на

 

Месут Озил доживеа уште една непријатност откако вчера беше оставен на клупата за резервни фудбалери од страна на тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Иако Арсенал бркаше победа против Брајтон, Артета не се реши да го уфрли Германецот во игра и наместо него шанса добија помладите фудбалери,кои на крајот истата не ја искористија па Арсенал во Лондон се врати со наведнати глави и пораз од 2:1.

„ЕСПН“ пренесува дека ваквите потези на Артета се јасен знак дека Арсенал ќе се обиде да го натера Месут Озил сам да побара заминување од  клубот ова лето.

Германецот има огромни примања на „Емирејтс“ па токму затоа од таборот на Арсенал сакаат да се ослободат од неговиот договор.

Но, Озил свесен дека нема клуб кој ќе му ги понуди тие примања одлучил да го следи примерот на Герет Бејл кој останува во Реал Мадрид и покрај тоа што не е посакуван ниту од тренерот, ниту од раководството на клубот.

Озил има уште една сезона од актуелниот договор со Арсенал и планира во целост да ја испочитува, а потоа да си оди од клубот како слободен агент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни