Свет
Озил се подготвува за враќање на фудбалската сцена

Месут Озил неодамна ја заврши професионалната фудбалска кариера, но сега е многу блиску до враќање на позната територија.
Поранешниот германски репрезентативец е најсериозен кандидат да биде поставен за директор на турската фудбалска репрезентација, откако федерацијата планира да направи промени, првично отпуштајќи го селекторот Штефан Кунц.
Покрај последниот пораз од Јапонија, проблем за Кунц е и неговото несогласување со влијателниот репрезентативец Хакан Чалханоглу.
Во пакет со Кунц веројатно ќе замине и досегашниот директор Хамит Алтинтоп, а „Билд“ тврди дека тој ќе биде заменет од Озил, кој добро ги познава случувањата на турската фудбалска сцена.
Како главен фаворит за селекторската функција се смета Јоаким Лев, па веројатно и Турците сметаат дека тој може да соработува одлично со својот добар познаник Озил.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Лига на шампионипред 8 часа
Јовиќ: „Чкембари“ се најдобрите навивачи на сите ракометни терени, Пелистер ќе ја освои двојната круна во Македонија!