Балкан
Озил решил да ја заврши кариерата среде сезона

Месут Озил не сака да ја доигра актуелната сезона и решил да замине во фудбалска пензија.
Ова го тврдат турските медиуми, според кои поранешниот член на елитни европски клубови веќе ја раскинал соработката со неговиот досегашен клуб Истанбул Башакшехир.
Озил наводно веќе ги информирал соиграчите дека нема да продолжи со извршување на вообичаените обврски и не планира да настапува за друга екипа во иднина.
34-годишнниот Озил има само седум настапи за составот од Истанбул во кој се пресели сезонава, а претходно го носеше дресот на Фенербахче.
Проблемите за екс-германскиот репрезентативец започнаа во Арсенал од каде мораше да замине по доаѓањето на Микел Артета, а најголем дострел во кариерата му беше потписот за Реал Мадрид.
Зад себе има и 98 настапи за Германија, при што беше и светски шампион во 2014 година.
-
Македонијапред 7 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 18 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Лига на шампионипред 4 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Германијапред 16 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 15 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 14 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 17 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……