Поврзете се со нас

Свет

Озил премина на сеир: Постои само една Супер лига (Фото)

Објавено

на

Почетокот на крајот на Супер лигата наиде на воодушевување кај фудбалските фанови и на поздрав од страна на УЕФА како главно и одговорно тело во Европа,  но и кај најголем дел од фудбалските ѕвезди кои јавно го искажаа својот револт за организација на такво натпреварување во кое 12 клуба ќе имаат посебни привилегии.

До овој момент, дури девет од првобитните дванаесет потписници се повлекоа и соопштија дека се откажуваат од Супер лигата која е првична идеја на Флорентино Перез и Андреа Ањели, по што и самиот претседател на Јувентус призна дека во овој момент не постои издржан аргумент за спроведување на идејата која ја замислија.

Проектот наречен Супер лига брзо беше неутрализиран од јавноста и од страна на УЕФА, а тоа го инспирираше Месут Озил и да си фаќа сеир со натпреварувањето кое во блиска иднина нема да се реализира.

– Постои само една Супер лига, – порача Озил, јасно алудирајќи на турската Супер лига од која тој е дел од месец јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни