Озил отворено за Роналдо: Не сум видел човек како него, тој направи…

ronaldo-ozil

Членот на премиерлигашот Арсенал, Месут Озил во својата богата кариера имаше можност да соработува со голем број на квалитетни играчи, но еден за него се издвојува и тоа е Кристијано Роналдо.

Тој играше заедно со Португалецот во Реал Мадрид, а тоа беше сосема доволно за да добие јасен впечаток за каков играч станува збор и зошто е ас кој одбележа една ера во фудбалот.

-Друга работа за која луѓето секогаш ме прашуваат како е да се игра со Кристијано Роналдо и сè што можам да кажам е дека никогаш не сум видел личност како него. Тој навистина работи напорно и е првиот човек кој доаѓа на тренинг, а последен си заминува. Тој е многу професионален и секогаш сака да победува, дури и на тренинзите. Се разбирав гледав во тоа што го праваше, па дури и нешто едноставно како што што е техниката за шутирање. Навистина уживав да играм со него затоа што ме направи подобар на теренот, а исто е и одличен човек надвор од него. Му дадов многу асистенции и јас не сум му потребен за да го потсетувам за тоа. Беше лесно да се игра со него затоа што не требаше да му создадете многу шанси.  Дури и ако му дадов две додавања, ќе дадеше два гола и затоа е еден најголемите играчи на сите времиња, -истакна Озил.

Facebook Коментари