Поврзете се со нас

Англија

Озил го истрола ДиКаприо кој изјави дека никогаш не слушнал за Арсенал

Објавено

на

Леонардо ДиКаприо неодамна бил гостин на премиерата на својот најнов филм во Англија, а медиумите се обиделе да дознаат и колку е информиран за фудбалот, кој секако е најпопуларен спорт на островот.

Но, големата актерска ѕвезда признала дека за разлика од некои свои колеги, не знае ама баш ништо за фудбалот, а на социјалните мрежи стана вирално неговото прашање: Што е тоа Арсенал?

Непознавањето на фудбалскиот термин кој секако има големо значење во Лондон и Англија предизвика многу коментари, а во дебатата се вклучи и Месут Озил, кој реши да му одговори на ДиКаприо.

– Фудбалскиот клуб Арсенал е постар од 25 години, па зошто би му бил познат?, – твитна поранешниот член на „топчиите“, кој очигледно бил изиритиран од американскиот актер, па решил да го трола користејќи ја медиумската теорија дека ДиКаприо раскинувал со партнерките кога тие ќе наполнат 25 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни