Озил емотивно се испразни по првата победа на Арсенал на последните десет натпревари (Фото)

fredi-mesut

Арсенал цели девет натпревари не знаеше за победа во било кое натпреварување, криза која резултираше и со отказ за менаџерот Унаи Емери кој на крајот ја загуби довербата од страна на раководството кое имаше доста трпение со него.

По пауза од 45 дена, Арсенал синоќа конечно оствари победа на гостувањето кај градскиот ривал Вест Хем, а со оглед на тоа што триумфот го оствари со пресврт, сласта и радоста кај играчите беше поголема. Првата победа во десет натпревари не е ситуација која влева оптимизам кај фановите на Арсенал, но барем за момент, „топчиите“ ставија крај на кризата која очигледно доста лошо ја поднесувал и Озил.

– Конечно причина да се насмееме повторно…. барем малку! Победничкото чувство е вратено, толку ми недостасуваше!! Сепак, сите знаеме дека има уште многу работа пред нас, – порача Озил на Твитер, а потоа за „Скај Спортс“ изјави.

– Фреди Љунгберг беше фудбалер и многу добро не разбира. Тој ни покажа дека е квалитетен тренер и благодарни сме што го имаме тука со нас. Секогаш е тешко да се промени менаџерот, но Фреди е млад тренер и секогаш е тука за нас. На нас играчите, тоа ни е потребно, – изјави Озил.

Facebook Коментари