Озил е првата значајна „жртва“ по германскиот колапс на мундијалот (Фото)

germanija-razocarani1

Месут Озил со три долги соопштенија се обиде да го објасни сето она што се случи на мундијалот, но и во увертирата за Светското првенство во Русија, но после опширно образложување и појаснување до јавноста, најважно за истакнување е тоа дека ѕвездата на Арсенал веќе нема да го носи националниот дрес на Германија.

Озил потенцираше дека во ниту еден случај не сакал да ги испровоцира Германците со фотографијата со тусркиот претседател Ердоган, нагласувајќи дека е крајно повреден од навредите кои ги доби од цела јавност, а особено од притисокот кој го изршила врз него германската Федерација.

– Со тешко срце и после многу размислување за неодамнешните случувања, јас одлучив повеќе да не го носам дресот на Германија на интернационални натпревари, пред се поради тоа што чувствувам дека постои расизам и непочитување. Го носев германскиот дрес со гордост и возбуда, но повеќе тоа не е така. Одлуката е навистина тешка бидејќи секогаш давав повеќе од што можев за соиграчите, за стручниот штаб и  за добрите луѓе во Германија. Но кога највисоките луѓе во германската федерација ме третираат на таков начин и не ги почитуваат моите корени од Турција, себично претворајќи ме во политичка пропаганда, јас немам друг избор освен да кажам, доста е, – порачува Озил.

Facebook Коментари