Поврзете се со нас

Свет

Ожие удри во автомобил, ќе прегазеше полицаец, па на крај заработи казна од ФИА и полицијата (Видео)

Објавено

на

Себастијан Ожие победи на првото издание на трка од Светскиот рели шампионат одржана во Хрватска, но денешниот ден го започна со многу контроверзно однесување.

Французинот возејќи со својата Тојота удри во друг автомобил низ улиците на Загреб, а по разговорот со присутните полицајци, реши да си замине и за малку ќе прегазеше еден припадник на полициските сили.

Ожие подоцна ги одработи етапите предвидени за денешниот ден и беше најбрз во силната конкуренција, додкеа ФИА објави дека го казнила со 7.000 евра поради однесувањето со полицијата и уште еден сообраќаен прекршок кој го направил во хрватската метропола.

– Сакам да се извинам и да го објаснам инцидентот од утринава. Спротивно од она што можете да заклучите од одредени снимки, ние застанавме и зборувавме со полицијата. Прво се уверивме дека другиот возач не е повреден, а потоа ги предадовме сите потребни документи. За жал, поради фактот што полицијата не зборуваше англиски, дојде до недоразбирање, – изјавил Ожие по трката.

Хрватските медиуми вечерва објавија дека полицијата му изрекла казна од 8.000 куни (нешто повеќе од 1.000 евра) и му забранила користење на меѓународната возачка дозвола следните 6 месеци во Хрватска и тоа поради напуштање на местото на инцидентот и непостапување по наредби на полицијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни