Ожие размислува за пензионирање

ogier-wales

Себастијан Ожие би можел да го напушти ВРЦ шампионатот и да му посвети повеќе време на своето семејство. Французинот минатиот викенд ја потврди новата титула во Светскиот рели шампионат со екипата на М-Спорт, но не е сигурен дека ќе биде дел од ова натпреварување и следната сезона.

Ожие доминираше со тимот на Фолксваген кој изненадувачки реши да се повлече од ВРЦ во 2016 година, а ангажманот во М-Спорт тогаш го премисли Ожие околу евентуалното пензионирање. Откако на своето конто додаде уште една титула, Ожие сега е понесигурен за својата иднина.

– Секогаш детално ги анализирам работите и одлуките ги носам откако сум сигурен дека не грешам. Победите носат големо задоволство, убаво ми е зад воланот во ВРЦ автомобил, но исто така и дома со семејството. Последните излетувања ми беа предупредување и за ризиците, па затоа ќе треба добро да размислам и да решам дали можеби треба да се повлечам, – истакнал петкратниот ВРЦ шампион.

Facebook Коментари