Ожие ги помножи со нула фабричките тимови, но останува да ја брани титулата!

Photographer Credit:
Jaanus Ree/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Jaanus Ree/Red Bull Content Pool

И покрај најавите дека сака да се повлече додека е на врвот, Себастиен Ожие останува во светското рели првенство и ќе ја брани петтата титула што ја освои оваа сезона, а на изненадување на сите тоа ќе го стори со сегашниот приватен тим М-Спорт.

Францускиот возач имаше отворени понуди од Тојота, Ситроен и Хјундаи, а претходно возеше за Фолксваген.

– Не можев да зборувам за ова во јавноста, но веќе извесно време знаев дека сакам да останам со М-Спорт. Сега кога ова е јавно, можеме да се сконцентрираме на работата,- изјави Ожие. – Знам дека многу се пишуваше на оваа тема и дека главно приказните се базираа на парите, но можам да ви кажам дека мојот избор не беше направен само врз основа на тој параметар. Зборував со другите тимови и сакав да се уверам, не само за парите, бидејќи тие не можат да ти купат одличен тимски шеф, па никој друг не побуди кај мене чувства како Малком Вилсон. Навистина мислам дека тој работеше напорно за да ме задржи, а јас уживав во соработката со него. Имаше навистина многу добра атмосфера ,- додаде петкратниот светски првак на прес конференцијата во Довенби, каде што е седиштето на тимот.

М-Спорт порано ја раководеше рели програмата на Форд како нивен официјален тим, а во 2018 година ќе му овозможат на Ожие да ја вози новата „Фиеста“. Титулата со Ожие беше прва за овој тим во минатата декада.

– Веста вредеше да се чека, можеби траеше подолго од лани, но направивме се да биде во ред. Да бидам искрен, преговорите со Себастиен беа директни, тој ни кажа што сака и наше беше да го обезбедиме тоа.

Себастијан Ожие останува во 2018 година со совозачот Жулиен Инграсија, а тимски колега ќе му биде Елфин Еванс.

Photographer Credit: Chris Freer / Red Bull Content Pool
Photographer Credit:
Chris Freer / Red Bull Content Pool

 

Facebook Коментари