Поврзете се со нас

Свет

Овиедо во последната секунда им „украде“ победа на Ѓуроски и Аликанте

Објавено

на

Аликанте на репрезентативецот Стојан Ѓуроски претрпе драматичен пораз од Овиедо од 63-62 во денешниот меч од ЛЕБ Оро лигата во Шпанија.

Гостите влегоа во последните 10 минути со двоцифрена позитива (51-39), предност која не знаеја како да ја сочуваат затоа што заспаа во тој период, домаќинот одигра добро на двете страни на теренот (24-11) и со кошот на Спејт на една секунда до крајот се избори за голем триумф.

Браун со 15 поени беше прв стрелец кај победникот, Ален имаше 19 за Аликанте, тим за кој Ѓуроски реализираше 8 кошеви со 4 скока и 2 асистенции.

Лејма Коруња е нареден ривал на Столе и неговите соиграчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни