Поврзете се со нас

Шпанија

Овен за Мбапе и новата „тројка“ во Реал: Тоа може да биде неверојатен тим

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе си заминува од Пари Сен Жермен и се сели во Реал Мадрид, информација која веќе е јавна тајна и за која само се чека официјална потврда од сите инволвирани страни.

Мбапе ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч што секако е голема работа за „кралевите“ со оглед на тоа што нема да биде платено никакво обештетување за фудбалер од светска класа. „Кралевите“ и во моментов имаат одлични играчи во офанзивната, па со доаѓањето на Французинот дополнително ќе се зголеми квалитетот иако постои дилема како Винисиус Жуниор и Мбапе ќе функционираат заедно со оглед на тоа што нивната најдобра позиција е на левата страна.

Мајкл Овен смета дека тоа нема да има проблем и најави тројка која според него Реал ќе го претвори во неверојатен тим.

-Мбапе може да игра надвор на левата страна, но со Винисиус Жуниор таму ќе помислите дека тој ќе игра на средината и тоа може да биде неверојатна ударна сила со Џуд Белингам зад нив, може да биде неверојатен тим. Ама мора да биде неверојатно затоа што Манчестер Сити и Ливерпул за таа работа поставија некои вистински високи стандарди во моментов.

-Реал знае колку Сити е добар, тие ги разбија минатата сезона и сезоната претходно кога ги надиграа, не знам како ги поминаа ама сигурно го напушаа теренот размислувајќи колку Сити е неверојатен и подбар тим од тим, а и се уште е така. Ама потписот со Мбапе ќе ги крене, тој е неверојатен, па мислам дека неговото вклопување нема да биде голем проблем за Реал Мадрид, тие имаат блескава дупка таму и им треба центарфор за да постигне многу голови, па зошто да не го изберете најдобриот на светот и тоа е она што тие го направија, -истакна Овен во својата анализа за „Футбал Еспања“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни