Поврзете се со нас

Англија

Овен за казната на Фернандеш: Можеби не сакаше да игра на „Енфилд Роуд“…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед не се прослави на средбата со Борнмут, односно го покажа своето друго лице и забележа тежок пораз од 3-0 што дефинитивно е лоша најава за двата наредни предизвици, соочувањата со Баерн Минхем и Ливерпул.

Ова за два меча кои се од големо значање на „црвените ѓаволи“, средба од кои можеби зависи и иднината на Ерик Тен Хаг на кормилото на „црвените ѓаволи“.

За дуелот со Ливерпул, менаџерот Тен Хаг нема да може да смета на својот капитен Бруно Фернандеш и тоа поради жолти картони. Португалецот често знае да биде санкциониран од судиите за своето однесување и тоа според Мајкл Овен е проблем со оглед на тоа што се работи за играч од офанзивната линија.

-Се прашувам колку жолти картони имаше поради несогласување и мавтање со рацете. Можеби не сакате да одите на Енфилд, јас не би сакал во моментов. Не сум сигурен дека размислувате за следниот натпревар кога сте во сред натпреварот.

-Тој треба да биде одговорен, треба да биде добар амбасадор, лидер на тимот. Сите знаеме дека судиите ја решаваат ситуацијата со тоа, а тој добива добива ужасно многу жолти картони за играч кој едвај ја става ногата и прави фаули, добива многу картони, -порача Овен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни