Поврзете се со нас

Англија

Овен верува во ѕвездите на Сити и Челси: Тие ќе бидат најдобри играчи на светот

Објавено

на

Манчестер Сити и Челси ќе играат во овогодинешното финале во Лигата на шампионите, финале кое на 29 мај ќе се одигра во Истанбул.

„Граѓаните“ и „сините“ имаат одлични полуфинални изданија против ПСЖ и Реал Мадрид, па сега се на само еден чекор од европскиот врв. Во овие успеси свој учинок имаа талентираните Фил Фоден и Мејсон Маунт, играчи кои според Мајкл Овен ќе станат најдобри на светот.

-Возбуден сум за летово со Англија. Мислам дека Маунт и Фоден ќе бидат двајцата најдобри играчи во иднина. Толку се добри, ќе биде многу возбудливо да се гледа тоа, -рече Овен кој запрашан за тоа дали неговите сонародници можат да се споредат со Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд одговори:

-Ќе дојдат до таму, Маунт е феноменален играч, ама Фоден ќе биде еден од најдобрите што Англија ги видела,-смета некогашниот напаѓач на Ливерпул, Јунајтед и Њукасл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни