Поврзете се со нас

Англија

Овен убеден дека Роналдо ќе остане во Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Мајкл Овен смета дека Кристијано Роналдо ќе одигра уште една сезона во дресот на Манчестер Јунајтед и секое друго сценарио би било голем проблем за клубот.

Поранешниот член на „црвените ѓаволи“ ја анализирал ситуацијата со Португалецот, кој побара Јунајтед да му дозволи да замине во овој преоден рок, но засега нема најдено нова средина.

– Пред една недела не мислев така, но актуелните случувања навестуваат дека сепак ќе остане во Јунајтед.

– Замислете ако Роналдо замине, Јунајтед е толку „тенок“ во нападот, кој ќе ги замени головите кои тој ги постигнуваше.

– Марсијал допрва треба да се врати, Рашфорд не смее да си дозволи уште една сезона како минатата, а Кавани замина. Нема да биде многу возбудливо за фановите, посебно ако тој замине, а клубот не најде замена, – изјавил Овен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни