Поврзете се со нас

Англија

Овен со прогноза за трката за титулата во Премиер лигата: Мојата глава вели…

Објавено

на

Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити ќе водат жестока битка за трофејот во Премиер лигата, шампионат во кој остануваат уште десет кола до крајот, а водечките екипи ги дели само еден бод што е најава за пеколен финиш на сезоната.

Во игра се 30 бода и ќе биде интересно да се види кој најдобро ќе се снајде во оваа ситуација во која сигурно улога ќе одигра искуството, знаењето, смиреноста во одредени ситуација, плус тука неизбежен фактор е и среќата.

Мајкл Овен како фудбалер ја има освоено ПЛ, па како човек кој е долго време во фудбалот и знае што се случува даде прогноза околу тоа каде ќе заврши пехарот за натпреварувачката 2023/2024.

-Моето срце секако вели Ливерпул и мислам дека тие имаат најлесен распоред Тоа исто така би била неверојатна приказна, бидејќи е последната сезона на Јирген Клоп. Ама мислам дека Манчестер Сити е најдобриот тим во светот во моментов и тие тоа го докажаа тоа, мислам дека ќе додадат гас.

-Додека Арсенал и Ливерпул можеби играат на својот апсолутен врв во моментов, мислам дека Сити ќе биде најдобар во овој дел од сезоната. Мојата глава вели Манчестер Сити, -порача Овен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни