Поврзете се со нас

Англија

Овен се присети на моментите кога потпиша за Јунајтед: Ферги ми кажа дека не му сум прв избор, туку…

Објавено

на

Поранешниот легендарен англиски напаѓач, Мајкл Овен се сети на моментите кога потпишуваше за тимот на Манчестер Јунајтед.

Овен направи изненадувачки трансфер во Манчестер Јунајтед во 2009 година каде се приклучи како слободен агент откако неговиот договор со тимот на Њукасл дојде до самиот крај.

Уште тогаш јасно беше дека напаѓачот кој мачеше мака со повреди не е прв избор на Сер Алекс Фергусон, а сега тоа го призна и самиот играч кој посочи кој фудбалер му бил приоритет на стратегот на „ѓаволите“.

Манчестер Јунајтед притискал за ангажман на Карим Бензема кој во тоа време беше играч на Лион, но на крајот Французинот заврши во Реал Мадирд каде што е и ден денес.

– Дојдов во Манчестер Јунајтед затоа што Карим Бензема го избра Реал Мадрид пред Манчестер. Првиот пат кога се слушнав со Сер Алекс Фергусон тој ми кажа јасно: „Го сакаме Бензема, ако не го добиеме него, во игра влегуваш ти“, -изјави Овен за „БиТи Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни