Англија
Овен: Само еден тим е опасност за Ливерпул во борбата за титулата
Ливерпул игра убедливо и сигурно во досегашниот тек на оваа сезона во Премиер лигата и заслужено е на самиот врв, а со тоа дефинитивно и прв кандидат за пехарот во најсилната англиска фудбалска конкуренција.
Избраниците на Арне Слот претрпеа само еден пораз на 17 натпревари, забележаа 13 победи и имаа 7 бода повеќе од второпласирнаиот Челси, но и натпревар помалку оној одложениот со градскиот ривал Евертон на „Гудисон Парк“.
Во овој момент се води кон тоа дека „црвените“ се најблиску до титулата иако е јасно дека има уште многу да се игра. Мајкл Овен во улога на аналитичар порача дека ќе биде шокиран ако пехарот не заврши на „Енфилд Роуд“ против посочувајќи го Арсенал како најголема опасност за поранешниот клуб.
-Кога ќе ја погледнам првенствената табела, би бил изненаден доколку Ливерпул не ја освои титулата. Мислам дека нивната единствена опасност може да биде Арсенал. Не го сакам Челси, мислам дека тие се премногу млади, премногу неискусни. Форест имаат одлична сезона, но не можат да го издржат тоа. Њукасл е премногу далеку, иако влегува во добра форма во моментов, Борнмут не може да ги предизвика. За мене тоа е Арсенал и Арсенал само во смисла на опасност за нив [Ливерпул].
-Но, мислам дека тие се опасност само за себе, за начинот на кој играат, освен ако самите не се уништат, да имаат момент како Сити, -порача Овен.
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија16 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Германија13 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Репрезентација5 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
Шпанија15 часа
Флик за ангажирањето на ветеранот: Еден од најдобрите потези кои сме ги направиле