Поврзете се со нас

Шпанија

Овен: Реал Мадрид е „Светиот грал“, но ми ја уништи кариерата!

Објавено

на

Foto:instagram.com/themichaelowen

Мајкл Овен како најголема млада англиска ѕвезда направи трансфер во Реал Мадрид во почетната фаза од новиот милениум, но тоа за него се покажа како почеток на крајот на неговата блескава кариера.

Напаѓачот воопшто не се снајде во шпанската престолнина и едноставно беше „изеден“ од огромниот притисок кој владее во Реал Мадрид, па дури и 20 години по неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, се уште му се свежи сеќавањата од непријатното искуство.

Овен се задржа само една сезона во Реал и експресно се врати во Премиер лигата, а иако бројките не му беа толку лоши, сега сочувствува со ситуацијата која ја доживува Килијан Мбапе.

– Во моментот кога донесов одлука да заминам во Реал Мадрид, едноставно загубив контрола врз мојата кариера. Перцепцијата која ја имаа луѓето за мене како фудбалер, во тој момент исчезна. Реал Мадрид е како „Светиот грал“ за било кој фудбалер, но исто така и место каде притисокот е толку голем, што не можеш ни да дишеш.

– Јас не очекував такво опкружување и не можев да се носам со тоа.  Реал Мадрид е клуб со историја, клуб со гламур кој е сон за секој фудбалер, но кога пристигнувате таму, сфаќате дека тоа е место на кое може да ја загубите својата суштина. Во мојот случај, Реал ми ја уништи кариерата, Реал ме чинеше многу на професионален план, – потенцира Овен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни