Овен потпишал за Манчестер Јунајтед затоа што Фергусон не го остварил посакуваниот трансфер

majkl-owen

Поранешниот англиски репрезентативец, Мајкл Овен, откри дека своевремено потпишал за Манчестер Јунајтед само поради тоа што Алекс Фергусон не успеал да го ангажира фудбалерот кој најмногу го посакувал во тој преоден рок.

Самиот Овен им признал на медиумите дека легендарниот менаџер отворено му кажал дека може да пристигне на „Олд Трафорд“ само ако претходно не успее да го реализира трансферот на Карим Бензема.

– Треба да му бидам благодарен на Бензема, бидејќи без него никогаш немаше да потпишам за Манчестер Јунајтед. Фергусон ми кажа дека ќе потпише со мене, само ако не го добие Бензема, а токму тоа и се случи, – изјавил Овен за „Канал плус“.

Овен го облече дресот со број седум во 2009 година или веднаш по заминувањето на Кристијано Роналдо, а остана во овој клуб три сезони.

Facebook Коментари