Поврзете се со нас

Англија

Овен: Поради Карагер се преселив во Реал Мадрид

Објавено

на

Поранешниот англиски репрезентативец, Мајкл Овен откри дека Џејми Карагер имал своја улога во неговиот трансфер од Ливерпул во Реал Мадрид во 2004 година.

Овен важеше за еден од најдобрите напаѓачи на островот, а со тоа го привлече интересот на Реал Мадрид кој на крајот и успее да го доведе за сума од 12 милиони евра.

-Бевме во САД на турнеја, јас и Карагер ја делевме собата. Рафа Бенитез само што ја презема екипата. Мојот агент ми се јави додека одмаравме во соба. Ми кажа „Реал сака да те купи“. Се сеќавам го спуштив телефонот крај мене.

 – Карагер сфати за што се работи, ми кажа да не го правам тоа. Го прашав зошто, тој ми кажа нема таму да играм и дека имаат многу добри играчи.

 – Тоа беше клучот, тоа ме натера да ја прифатам понудата и да одам. Сакав да му докажам дека не е во право, -истакна Овен кој навистина не се прослави во Мадрид и по само една година се врати во Англија каде настапуваше за Њукасл, Манчестер Јунајтед и Стоук Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни