Поврзете се со нас

Англија

Овен нападна една од најголемите ѕвезди на Ливерпул: Никогаш не подавал, но ова сега е екстремно

Објавено

на

Мајкл Овен како симпатизер на Ливерпул прогнозираше дека тимот на Јирген Клоп нема да го победи Манчестер Јунајтед во големото дерби, а откако му се оствари прогнозата и мечот заврши со разочарувачки 0:0, поранешниот напаѓач на двата големи ривали го привлече вниманието со последната изјава која ја даде за ѕвездата на Јирген Клоп.

Во последно време, доста актуелна е темата за потенцијалното заминување на Мохамед Салах од Ливерпул по крајот на оваа натпреварувачка сезона бидејќи самиот не отфрли трансфер во Реал Мадрид или Барселона, но во исто време, Овен повторно ја „чепна“ темата која во повеќе наврати беше актуелна и доста полемизирана во изминатите неколку сезони.

Салах често знаеше да добива критики поради тоа што е пресебичен во последната третина од теренот и дури имаше неколку препукувања на теренот со Садио Мане, но сега Овен смета дека себичноста на Египќанецот достигнала екстремно ниво.

– Повторно видов голем егоизам и себичност која одново се прикрадува. Одново го видов тоа кај Салах.

– Салах повторно не додава топки до соиграчите. Тој никогаш не подавал многу, но овојпат екстремно го прави тоа. Веќе неколку натпревари по ред си велам „па јаде веќе“, – вели Овен за продукцијата на Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни